Непродаденото пиво поради пандемијата, Австралијанците го претворија во обновлива енергија

Кога поради изолацијата во Австралија се затворија баровите и рестораните, пиварниците останаа со огромни резерви на пиво. Но, наместо да го фрлат, во сојузната држава Јужна Австралија застоеното пиво доби своја намена, со него се напојуваа постројки за прочистување на вода, пренесува хрватски „Индекс“.

Во пречистителната станица на отпадни води во Гленгел, во последните месеци милиони литри неискористено пиво од локалните пиварници се претворени во обновлива енергија.

Во постројката се меша органски индустриски отпад со тињата од отпадните води за производство на биогас, кој потоа се претвора во електрична енергија на која работи целиот објект.

Обично се генерира доволно биогас за да се обезбеди околу 80% од потребите за струја. Меѓутоа, застоеното пиво ја промени ситуацијата и поизводството на енергија достигна 654 мегавати за еден месец.

„Со додавање на околу 150.000 литри пиво неделно, во мај произведовме рекордни 355.200 кубни метри биогас и уште 320.000 кубни метри во јуни. Тоа е доволно за напојување на 1.200 куќи“, изјави за „Си-ен-ен“, менаџерката Лиса Ханант.