Нема правда, нема мир – нов протест во Скопје

Со барање за оставка на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, но и одложување на изборите најавени на 5 јуни, се до создавањето услови тие да бидат фер и демократски, голем број граѓани и денеска излегоа на протест во Скопје, кој започна пред Специјалното јавно обвинителство.

Скандирајќи ја познатата парола на овие протести „Нема правда, нема мир“, демонстрантите се упатија кон Собранието.

Како што јавува репортерката на радио МОФ од теренот, протестот засега минува во мирна атмосфера.

13014832_752805284819746_134230782_n

Полициско обезбедување ги следи демонстрантите, но во далеку помал број од изминатите денови кога истовремено се одржуваа и контра-протести на неколку стотина метри оддалеченост.

13059469_752824108151197_1904823894_n
На почетокот на протестот на присутните им беа поделени флаери со насоки како треба да се однесуваат при судир со полицијата или доколку има насилство во текот на протестот, со цел да се зачува нивната безбедност.

Освен во Скопје, денеска се протестира и во  Штип , Струмица, Велес , Битола и Куманово.