Научниците се приближуваат до постигнување вештачка фотосинтеза за добивање обновлива енергија

Научниците од лабораторијата „Беркли“ се приближуваат до долгогодишната цел да се користи вештачка фотосинтеза за производство на обновлива енергија од јаглерод диоксидот во атмосферата.

Доколку се произведе во доволно големи количини, енергијата создадена од вештачката фотосинтеза може да биде огромен чекор кон намалување на влијанието на климатските промени.

Фотосинтезата е хемиска реакција со која алгите и зелените растенија го претвораат јаглеродниот диоксид во клеточно гориво. Научниците од ,,Беркли” дизајнирале коцкасти плочки за соларно гориво кои содржат милијарди наноцелни цевки помеѓу две тенки, флексибилни силикатни парчиња. Овие плочки ќе го сочинуваат новиот систем на вештачка фотосинтеза.

Научниците од ,,Беркли” неодамна објавија труд објаснувајќи како нивниот дизајн „овозможува брз проток на протони од внатрешноста на цевката, каде што се создаваат со раздвојување на молекули на вода, кон надвор, каде се комбинираат со СО2 и електрони за да го создадат горивото”.

Досега, научниците успеаја да произведат јаглерод моноксид како гориво, но се обидуваат и со метанол.

„Постојат два предизвици кои сè уште не се исполнети“, вели научникот Хајнц Фреј во соопштението за медиумите од лабораторијата „Беркли“.

„Една од нив е приспособливост. Ако сакаме да ги задржиме фосилните горива во земјата, треба да можеме да генерираме енергија во теравати – огромна количина на гориво. И треба да направите течно гориво од јаглеводород за да можеме да го искористиме со постоечка инфраструктура и технологија вредна трилиони долари. ”

Штом научниците ќе бидат задоволни од нивниот модел, тие ќе можат брзо да изградат соларна фарма од плочките голема неколку сантиметри.

„Ние, како основни научници, треба да испорачаме плочка што работи, со решение за сите прашања за нејзината изведба“, вели Фреј.

„И инженерите во индустријата да знаат како да ги поврзат овие плочки. Кога ќе сфатиме како функционираат квадратни сантиметри, тие ќе можат да направат квадратни километри.”

Извор: Inhabitat