Научниците користат тродимензионална технологија, за да создадат вештачки корали кои би можеле да му помогнат на Големиот корален гребен да не изумре поради избелувањето и бурите.
Истражувачите од Универзитетот на Сиднеј создаваат виртуелни 3Д мапи од корални гребени, за прецизно да моделираат како изгледа нивната структура и како се менува, како резултат на климатските промени.
Заедно со нејзиниот надзорник, професорот Вил Фигеира, д-р Рената Ферари го воспоставила еколошкото 3Д катче за моделирање, за прецизно да ја прикаже структурата на чувствителниот екосистем на гребенот.
„Идејата е да се мапира, надгледува и модерлира коралниот гребен и другирите морски екосистеми, во три димензии“, вели таа. „Ако можете да создадете 3Д мапа, тогаш можете и да ја измерите, бидејќи буквално имате мапа на коралите во вашиот компјутер. Можете да направите што сакате со неа“.
Технологијата е релативно нова, а е основана на фотограметрија – науката на правење 3Д реконструкции од фотографија. Овие виртуелни модели се користат за печатење на модели на коралот, кои ќе бидат „засадени“ на коралот за да му дадат поддршка, додека се опоравува од несреќните настани како избелување или бури.
Печатениот корал може да служи и како хабитат и мрестилиште за риби, кои ги јадат алгите кои ги убиваат коралите, како и структура на која други корали можат да растат.