Арктикот се загрева и брзо се менува, со рекордни или скоро рекордни услови документирани низ целиот регион во 2020 година. Тоа го тврдат меѓународен тим од 133 истражувачи од над десетина земји кои придонеле за 15-ата годишна НОАА Арктичка карта објавена во вторникот, јавува cbsnews.
Извештајот претставува сеопфатен преглед на арктичките услови – што НОАА ги нарекува витални знаци – кои ги карактеризираат здравјето и стабилноста на арктичкиот екосистем. Тие вклучуваат варијабли како што се температурата на воздухот, морскиот мраз и пожарите во дивината. Додека климатските услови во овој студен дел од светот обично се менуваат природно со глацијално темпо, во последниве години трансформацијата се случува со огромна брзина.
На видеото што го придружува извештајот, НОАА вели дека се забележани „алармантни стапки на промени“ уште од Арктичката карта во 2006 година.
За тоа сведочат силните горештини и пожарите во Сибир ова лето. Не се случува честопати настаните длабоко на руралните територии на Арктикот да бидат на насловните страни низ целиот свет, но кон крајот на јуни, за прв пат е регистреирано температурата да се искачи над ознаката Фаренхајт од 100 степени над Арктичкиот круг, во градот наречен Верхојанск.
Тоа се случи по повеќемесечни топли бранови, за кои климатските научници рекоа дека се направени 600 пати поверојатно од климатските промени предизвикани од човекот.