Сер Роџер Пенроуз, Рајнхард Гензел и Аднреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика, за нивните откритија во подобро разбирање на црните дупки.
Пенроуз, од Оксфордскиот универзитет, демонстрирал дека црните дупки се неизбежна последица на теоријата за релативност на Алберт Ајнштајн.
Од Нобеловиот комитет велат дека овогодишната награда „ги слави едни од најегзотичните објекти во Универзумот“.
Црните дупки се места во вселената каде гравитацијата е толку силна што дури ниту светлината не може да избега од таму.

Од лево на десно: Сир Роџер Пенроуз, Рајнхард Гензел и Аднреа Гез / ФОТО: Нобелова награда
Сепак математиката на овие објекти е неверојатно комплексна. Многу научници верувале дека тие пресметки не е ништо повеќе од математички артефакти кои постојат само на хартија. На истражувачите им биле потребни многу децении да сфатат дека црните дупки навистина постојат во вистинскиот свет.
„Тоа е она што го направи Роџер Пенроуз. Ја сфати математиката, воведе нови алатки и всушност успеа да докаже дека се работи за процес кој можете да очекувате природно да се случи – ѕвезда да згасне и да се претвори во црна дупка. Сер Роџер постави теоретска основа со која кажа: Овие објекти постојат. Можете да очекувате да ги најдете ако почнете да ги барате“, велат од Нобеловиот комитет.
Пенроуз е добитник на половина на наградата. Додека другата половина ја делат професорите Гензел и Гез. Гез е само четвртата жена добитник на Нобеловата награда за физика во историјата.
Тие ќе поделат награда во вредност од 10 милиони круни (околу 860 илјади евра).