#НаТочак од Виена до Горно Строгомиште со порака за чист воздух

По поминати 1300 километри од Виена до кичевско Горно Стромиште, братучедите Кујтим и Афердита Зендели се вратија дома со важна порака. Тие ја промовираат идејата за поздрави животни навики, но и чиста животна средина.

Тие се дел од Клубот за велосипедисти „Ускана”. За своето патешествие кое траеше 12 дена, редовно споделуваа на нивната Фејсбук страница, каде ги открива сите препреки на патиштата со кои се соочуваа.

Сепак, за Кујтим ова не е прв предизвик, додека Афердита, првпат возеше толку долга рута.