Настап на „City Dragon“ во СЦ „Дуња“

„Post global recordings“ во соработка со СЦ „Дуња“ вечер (22 јуни) го организираат настапот на „City Dragon“ од Франција.

Според најавите, „City Dragon“ е стациониран во Париз и создава импровизирана електроакустика.

„Во неговиот звук микса тропски колажи лупирани во живо со тапан, саксофон, глас и играчки. Неговиот перформанс е вклопен со екстатични телесни состојби и откачена вокализација“, се вели во најавата за настапот на „City Dragon“.

Настанот во Социјалниот центар „Дуња“ започнува од 21 часот.