Настан во ГЕМ – Слобода наместо страв

Македонија повторно се придружува на меѓународното движење Слобода наместо страв (Freedom Not Fear) кое се залага за три основни принципи: слобода на говор во дигиталниот свет и нецензуриран интернет, приватност во општество базирано на знаење  наместо прислушкување и слободно живеење наместо страв.

1011677_10152737371916873_8983820857283131190_n

Настанот го организира фондацијата Метаморфозис во петок ( 26 септември) во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток  во 11 часот.

Настанот во Скопје е дел на Меѓународните денови за акција кои се одржуваат од 26 до 29 септември 2014 година и ги поддржуваат над 150 организации од целиот свет. При тоа, во Брисел ќе се одржат серија настани кои вклучуваат конференција и јавни дебати со учество на активисти и членови на Европскиот парламент, а во Луксембург ќе се одржи и протестен марш.

Барања на движењето „Слобода наместо страв“ се :

1. Ограничувања на мерките за надзор

2. Процена на постојните овластувања за надзор

3. Мораториум за нови овластувања за надзор

4. Обезбедување слобода на изразување, дијалог и информирање на интернет

5. Заштита на човековите права

Македонија во „Слобода наместо страв“ учествува од 2008 година. Повеќе информации за движењето на светско ниво се достапни на http://www.freedomnotfear.org/