„Општество за сите“ е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Кон остварување на оваа цел сите треба да се стремиме за никој да не се почувствува дискриминиран, никој да не се почуствува различен од другите, исклучен. Тоа не обврзува сите нас да обезбедиме еднакви услови за остварување на правата во сите сфери – здравството, образованието, култура, вработувањето, остварување на избирачкото право, соопшти канцеларијата на Народниот правобранител.
„Тоа значи пристап до се она што значи живеење на еден нормален секојдневен живот без препреки/пречки. Во оваа смисла, Народниот правобранител апелира и воедно ги потсетува сите чинители во општетството дека во наредниот период треба уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби, што би значело остварување на нивните права.
Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии… Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности.
Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес трети декември, туку и останатите 364 денови во годината. Само така ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството, нагласува Народниот правобранител.