Новинската агенција „Ројтерс“ направи селекција од најдобрите фотографии што ги направиле нејзините фоторепортери во изминатата година. Од улични револуции, до секојдневни уникатни мигови во повеќе региони во светот – „Ројтерс“ ги прикажа 100-те фотографии што ја одбележаа 2017 година. Во продолжение, погледнете дел од нив.

Девојка реагира на бојата што е фрлена на нејзиното лице за време на славењето на Холи, Фестивалот на боите во Мумбај, Индија (13 март)

Жители се обидуваат да се спасат од поплавата предизвикана од тропската бура Харви во Хјустон, Тексас (28 август)

Оган и чад излегува од кулата Гренфел додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат големиот пожар во Западен Лондон. (14 јуни)

Сириски војник седи пред мобилна болница додека лекарите ги спасуваат неговите колеги, повредени од борбата со Исламската држава во Рага (28 јуни).

Жителите гледаат во првата санта мраз за сезоната додека поминува покрај јужното крајбрежје, исто така познато како „Долина на санта мраз“ во близина на Фериленд Њуфаундленд, Канада (16 април)

Жена му помага на повреден по инцидентот на Вестминистер мостот во Лондон (22 март)

Американскиот претседател Доналд Трамп се среќава со рускиот претседател Владимир Путин за време на нивната билатерална средна на Г20 самитот Хамбург, Германија (7 јули)

Индиски свештеник седи во внатрешноста на пештера за време на својата вечерна молитва покрај реката Ганг во Девпрајаг, Индија (28 март)

Сонцето е поклопено од месечината за време на соларната еклипса, видена од патничкиот авион на Алјаска ерлајнс додека го надлетува Орегон (21 август)

Хосни Ара, 4, Рохинга бегалец кој пристигна пред два месеци во Мјанмар, ги слуша децата додека пејат во детскиот центар во бегалскиот камп Кутупалонг во близина на Бангладеш (5 ноември)

Едрлици потонуваат за време на ураганот Ирма, 12 денови откако бурата го зафати островот Сеинт Џон (16 септември)

Момче ја носи својата мачка додека оди кон Универзитетот во Шангај, Кина (4 април)

Човек храни галеби на реката Јамуна во едно магливо утро во Њу Делхи, Индија (17 ноември)
Целата галерија може да ја погледнете на следниот ЛИНК.