Во последните 20 години, бројот на мигранти во светот се зголемил од 150 милиони на 272 милиони. Повеќе од половина од сите мигранти, околу 141 милиони, живееле во Европа и Северна Америка, покажа новиот извештај на Меѓународната организација за миграција на ООН.
„Индија има најголем број мигранти, околу 17,5 милиони кои живеат во странство, следени од Мексико 11,8 милиони и Кина со 10,7 милиони“, се вели во извештајот на организацијата.
Документот, исто така, покажува дека 31 милиони деца ширум светот се мигранти, вклучувајќи 13 милиони бегалци и 17 милиони деца раселени поради конфликти и насилство во нивните земји.
Земјите-членки на Обединетите Нации го одбележуваат 18 декември, Меѓународен ден на мигрантите под темата „Ние заедно“.
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ООН, во пораката по повод денот рече дека сите мигранти имаат право на еднаква заштита на своите човекови права.
Според извештајот на Меѓународната организација за миграција, бројот на бегалци, исто така, се зголемил од 14 милиони на 25,9 милиони во последните две децении поради конфликтите и климатските промени во многу земји во светот.
Турција е домаќин на најголемиот број сириски бегалци околу 3,7 милиони, следен од Пакистан со 1,4 милиони регистрирани бегалци.
Внатрешното раселување поради насилство и конфликт, исто така, се зголемило во многу земји влијаејќи на 41,3 милиони луѓе.
Сирија остана најтешко погодена земја, со раселени 6,1 милиони луѓе, следена од Колумбија со 5,8 милиони и Демократска Република Конго со 3,1 милион.
Бројот на лица без државјанство достигна 3,9 милиони, со тоа што во Бангладеш околу 90,600 лица се без државјанство, по што следува Брегот на Слоновата Коска со 69,2000 и Мјанмар со 62,0000.