Над 140 граѓани се пријавиле да учествуваат во создавањето на првата заедничка градина во Аеродром

Граѓанската организација „Зелената арка“ деновиве ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.

Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.

Желба за здружено градинарство изразиле над 140 луѓе, соопштија од „Зелената арка“, но услови има за 30 учесници. Наскоро ја најавуваат и првата средба.

Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.

Повеќе информации за идните акции може да се добија на Фејсбук страницата на „Зеланата арка“.