Национална конференција „Град пријател на младите“ во Крушево

Младински Сојуз – Крушево на 9-ти Септември организира националната конференција „Град пријател на младите“ во хотел Панорама, Крушево.

На конференцијата ќе учествуваат релевантни претставници од општините: Струмица, Крушево, Центар, Карпош, Струга, Прилеп и Кратово, како и претставници на граѓански и младински невладини организации и млади луѓе.

Меѓу главните теми на кои ќе се дискутира на конференцијата се:

  • Клучни фактори за финансиска поддршка на младинскиот сектор на локално ниво
  • Зошто е важна инфраструктурата и техничката поддршка за млади на локално ниво?
  • Локален младински совет и стратегија за млади – имаме ли менаџмент и стратегија за млади дома?

Проектот „Град-Пријател на Младите “ е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија и се стреми да ја подобри состојбата на младинските политики, стратегии и механизми на локално ниво.