[ВО ЖИВО] НаЧас: Задолжителна студентска пракса – желба или реалност?

На кој начин се спроведува задолжителната пракса за студентите, кои се предизвиците, каква пракса имаат студентите во западноевропските држави, а каква во Македонија?

Четвртата епизода од серијалот дискусии за подобро образование #НаЧас, која ќе се емитува утре (16 ноември) во 13 часот на Радио МОФ, е насловена Задолжителна студентска пракса – желба или реалност?

Гости во студиото на Радио МОФ се Анастасија Милковска студентската организација АИЕСЕК, Крсто Златков од Сивус- едукативен и развоен центар и Ивана Трајковска од ИАЕСТЕ.

Дискусиите „На час“ – за подобро образование се емитуваат секој четврток, во 13 часот. Притоа се стримаат во живо, со аудио пренос на Радио МОФ и видео пренос на нашата Фејсбук страница. За сите прашања, коментари и забелешки активен на Твитер ќе биде и хаштагот #НаЧас.

Периодот кој следи наговестува дека ќе се случуваат многу значајни промени во образованието, а со цел да се добие видливост и отвори дебата на предложените политики го започнуваме овој тематски серијал посветен на образованието. Радио МОФ е младински медиум кој ги има како главен фокус: студентските и средношколските права, студентскиот стандард и создавањето на политики во образованието. Токму затоа, опширното, сликовито и сеопфатно информирање на јавноста за теми поврзани со образованието и животот на учениците и студентите го сметаме за еден од приоритетите.

Серијалот „На час“ е финансиран и се спроведува во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.