На сиромашните во Италија ќе им биде дозволено да крадат храна во мали количини

Кражбата на мали количини на храна за да се одбегне гладта не е кривично дело, пресуди највисокиот суд во Италија. Судиите ја поништија пресудата за кражба против Роман Остриаков, откако украл сирење и колбаси кои чинеле четири евра.

Остриаков, бездомник со украинско потекло, ја украл храната поради „итна и неопходна потреба за храна“, се вели во одлуката на судот. Поради ова, кражбата всушност нема да се смета за криминал.

Во 2011 година, еден од купувачите го известил обезбедувањето на продавницата дека Остриаков се обидува да излезе од неа со две парчиња сирење и колбаси во џеб, без да плати за нив.

Во 2015 година, Остриаков беше осуден за кражба и осуден на шест месеци затвор и парична казна од 100 евра.