На пладне започнува акција за правење привремени куќички за мачиња и кучиња скитници

Граѓани преку Фејсбук се организираат на акција за правење привремени куќички за мачиња и кучиња скитници.  Собирно место е пред Веро (Тафталиџе 1), од 12 часот.

„Се’ што ви треба се стари ќебиња, чаршави или било каков материјал што би држел топлина. Куќарките може да се направат од кутии, или дури и ако некој е во можност да најде стиропор би било од корист за мачињата. Потребено ќе биде да си земете и некој скалпер или ножици за сечење на кутиите и стиропорот. Доколку некој има информација за човек некој да е на улица, споделете за локација и што би му било најпотребно да се однесе и таму. Секоја идеја е добредојдена“, стои во повикот за акцијата.