На младите од источниот регион на земјата им требаат младински совети

Асоцијацијата за интернационална мобилизација оваа сабота од 11 часот организира регионална конференција во Виница која има за цел да ја отвори темата за формирање и функционирање на младински совети во источниот регион од земјата.

АИМ како младинска организација се залага за формирање на младински совет на локално ниво, кој како што велат ќе има значајна улога во донесувањето на одлуки на локално ниво кои ги засегаат младите.

Со оваа конференција се очекува да се одреди заедничка стретегија со помош на која младите од истокот ќе можат заеднички да делуваат, и да преставуваат значаен фактор во креирањето на младинските политики.

„Преку оваа регионална конференција АИМ сака да ја потикне дебатата за организирање на младински совети и нивно активно учество и делување во  сите општини од Источниот плански регион“, велат од организацијата.

Настанот е поддржан од Civica Mobilitas.