„Н1кој не е сам“: Загрижени за судбината на независните медиуми, граѓани во Белград се собраа да ги поддржат новинарите на Н1

Пред зградата Н1 во Нов Белград вчеравечер се одржа протест „Н1кој не е сам“, кој го повика група граѓани од Коњарник. Овој повик следеше по настанот во просториите на „United Group“ (н.з. медиумската компанија од која дел е и Н1), кога новиот директор, Владица Тинтор, дојде на ненајавена посета, со цел да ѝ предаде на претходната директорка, Бојана Мијаиловиќ, одлука за нејзино разрешување, пренесува Н1.

Околу 19 часот, граѓаните собрани во групи дојдоа во зградата Н1 за да ги поддржат вработените.

„Тука сме да ви се заблагодариме за сè што направивте во изминатите девет месеци, за тоа што ја ставивте главата таму каде што никој друг не би ставил нога, а поради назначувањето на нов директор на ‘United Group’, иако ‘United Media’ (н.з. Н1 и Нова С) е одвоена, но ова е индикативен аспект за нас дека може да има одреден притисок, иако тој е на дното на вертикалата. Тука сме да го поддржиме Н1 во сè што прави“, рече Воја Остојиќ од Граѓанското собрание на Коњарник.

Тој истакна дека „ова прашање е од општ интерес“.

„Важно е секој човек што е тука од срце да го поддржи Н1 и она што го правите и да издржи закани и да живее со нас во изминатите девет месеци. Би нагласил дека секогаш бевте тука да одговорите на нашиот повик, како што беше и обидот за палење на цвеќарницата ‘Имела’ во Коњарник“, изјави тој.

„N1ko nije sam“ (Н1кој не е сам), пишува на еден од транспарентите.

Програмскиот директор на Н1, Игор Божиќ, им се заблагодари на присутните за нивната поддршка и рече дека Н1 ќе продолжи да ја работи својата работа до крај.

„Ќе се бориме и ќе преживееме“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

„Тука сме за граѓаните и ќе бидеме тука за граѓаните сè додека ја работиме оваа работа затоа што сакаме да ја работиме професионално до крај. Тоа е единствениот начин на кој може да се направи. Можам да гарантирам дека вработените во Н1 нема да се согласат со притисокот што се обидуваат и подготвуваат да ни го извршат и ние не сакаме да се согласиме со тоа“, рече Божиќ.

Како што појаснуваат од Н1, медиумот не е продаден, како ниту Нова ТВ. Не е продадена ниту „United Group“, ниту „United Media“ има нов сопственик, како што пренесуваат прорежимските медиуми во Србија. Поголемиот сопственик е ист како и во претходните седум години – инвестицискиот фонд „BC Partners“. Помалиот сопственик, исто така, е ист од основањето – Драган Шолак. Досега, сопственичката структура се нема сменето. Иако поголемиот сопственик ја променил управата и Драган Шолак, додаваат тие, доаѓањето на нов директор на чело на „United Group Srbija“ нема никакво влијание врз работата на медиумите. Н1 нема нов директор.

„Фактот што предизвика реакции во јавноста е дека новиот директор на ‘United Group Srbija’, кој нема никаква врска со медиумите, е застапуван од адвокатите на државниот Телеком – компанијата што основа десетици медиуми со цел ширење на пропагандата на Александар Вучиќ“, истакнуваат од Н1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

Инаку, на улиците низ цела Србија секојдневно се одржуваат граѓански протести повеќе од 10 месеци против режимот на Александар Вучиќ, а откако падна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад при што загинаа 16 луѓе. Демонстрантите ги засилија протестите пред десетина дена, откако се случија инцидентите во Врбас и Бачка Паланка, каде поддржувачите на Српската напредна партија (н.з. владејачката партија) ги нападнаа мирно собраните граѓани фрлајќи со камења, пиротехнички средства и шишиња со мраз, како што известуваа медиумите.

Оттогаш, се случија повеќе инциденти во Србија, а според многу снимки и фотографии, започна и полициска бруталност кон студентите и граѓаните.

Претседателот Александар Вучиќ одби да распише избори, тврдејќи дека барањата на студентите се исполнети.

Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани