Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 115 нови случаи на Ковид-19, односно, 32 случаи се регистрирани во Скопје, 14 во Штип, 11 во Гостивар, десет во Тетово, по осум во Дебар и Берово, седум во Куманово, четири во Свети Николе, по три во Охрид, Гевгелија, Крива Паланка, Делчево и Кичево, по два во Прилеп и во Велес и по еден во Кочани и Пробиштип.
Институтот за јавно здравје регистрирал 225 оздравени пациенти, односно, 146 од Скопје, 15 од Куманово, по десет во Тетово, Битола и Гостивар, шест во Струмица, по пет во Штип и Кичево, по три во Кавадарци, Пробиштип, Демир Хисар, по два во Прилеп и Неготино и по еден од Струга, Охрид, Радовиш, Валандово и Виница.
Од МЗ информираа и дека починале три лица во болнички услови, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера“, стои во соопштението на МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 134.318 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.825 теста.