МЗ: Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.839 тестови.

Новите случаи се регистрирани во: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1. Притоа, регистрирани сe 12 оздравени пациенти, а не се регистрирани починати пациенти.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Во меѓувреме, теренската вакцинација продолжува и за утре (28 јули) ќе се одвива во следните населени места:

Тетово – Брвеница, Д.Седларце, Пирок, Раковец

Гостивар – Беловиште, Лакавица

Струмица – Ангелци, Градашорци,

Кочани – Кучичино

Кичево – Извор, Малкоец, Попоец, Душугубица, Подвис,Добреноец

Македонски Брод – Г.Крушје, Д.Крушје, Црешнево,Слатина, Грешница

Велес –  Сливник, Клуковец

Берово – Митрашинци