Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 4 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.760 тестирања.
По 2 нови заболени има во Скопје и Тетово, починати нема, а 6 пациенти се оздравени.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.
Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19.