Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 починале девет лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 88, 71 и 77 години, еден од Битола на 73 години, тројца од Струмица на 71, 76 и 66 години, еден од Кичево на 86 години и еден од Ресен на 72 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 580 нови случаи, односно, регистрирани се 254 случаи во Скопје, 32 во Куманово, по 30 во Прилеп и Кавадарци, 28 во Велес, по 23 во Битола и Охрид, 21 во Тетово, 18 во Гостивар, 17 во Струмица, 15 во Гевгелија и по 12 случаи се регистрирани во Штип и Кичево.
Потоа, регистрирани се десет случаи на Ковид-19 во Дебар, по девет во Берово и Неготино, по седум во Струга и Крива Паланка, шест во Кочани, пет во Ресен, по три во Пробиштип и Валандово, два во Македонски Брод и по еден случај е регистриран во Радовиш, Пехчево, Виница, Свети Николе.
Институтот за јавно здравје регистрирал 572 оздравени пациенти, односно, од Скопје-162, Куманово-30, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-59, Тетово-14, Струга-36, Велес-30, Битола-26, Охрид-27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица-18, Крива Паланка-15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Валандово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-5, Ресен-6 и од Неготино-23.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.431 тестови.