Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 407 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 187 случаи во Скопје, 35 во Кавадарци, 28 во Велес, по 18 во Куманово и Охрид, 17 во Тетово, по 16 во Струга и Делчево, 12 во Прилеп, седум во Демир Капија, по пет во Струмица и Радовиш, по четири во Гостивар, Битола, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Крушево, по три во Штип, Кочани, Кратово и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Свети Николе, Дебар, Ресен, Берово, Виница и Демир Хисар.
Од МЗ исто така информираа дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале седум лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 61 и 91 година, двајца од Струмица на 63 и 73 години и по еден од Тетово на 76 години, од Штип на 59 години и од Кочани на 68 години.
Регистрирани се 399 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 242, Тетово – 22, Куманово – 20, Прилеп – 17, Битола – 15, Штип – 10, Велес – 9, Радовиш – 9, Гостивар – 9, Струмица – 8, Крива Паланка – 6, Кичево – 5, Гевгелија – 4, Пробиштип – 4, Дебар – 3, Богданци – 3, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Валандово – 2, Кавадарци – 1, Струга – 1, Неготино – 1, Кратово – 1, Ресен – 1, Виница – 1 и од Демир Хисар – 1.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие се направени 2.540 тестови.