МЗ: 389 новозаразени и четворица починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 389 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран се 140 случаи во Скопје, 34 во Прилеп, 33 во Кавадарци, 21 во Куманово, 20 во Велес, 15 во Охрид, 14 во Делчево, 13 во Битола, по 12 во Тетово и Струмица, 11 во Неготино, десет во Штип, осум во Гевгелија и по шест случаи во Гостивар и Берово.

Потоа, по четири случаи на Ковид-19 се регистрирани во Свети Николе, Крива Паланка и Кратово, по три во Струга, Кочани и Ресен, по два во Виница, Демир Капија и Виница и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево.

Од Ковид-19 во изминатите 24 часа починати се четири лица, односно, едно лице од Куманово на 73 години, едно лице од Кавадарци на 65 години, едно лице од Пробиштип на 87 години и едно лице од Виница на 83 години.

Регистрирани се 998 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 620, Куманово – 36, Тетово – 35, Охрид – 33, Струмица – 28, Кавадарци, Велес и Гостивар – по 25, Битола – 18, Ресен и Дебар – по 16, Делчево и Штип – по 15, Прилеп и Гевгелија – по 13, Неготино, Струга и Кичево – по 8, Пробиштип и Македонска Каменица – по 5, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево – по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово – по 2 и од Берово, Свети Николе и Македонски Брод – по 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 476.725 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.445 тестови.