МЗ: 28 починати и 929 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 28 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 58, 75, 67 и 78 години, додека најмладиот починат пациент е на 22 години.

Потоа, од Ковид-19 починале шест пациенти од Прилеп на 70, 77, 53, 56, 69 и 82 години, тројца од Битола на 76, 69 и 61 година, двајца од Кратово на 76 години, и по еден пациент од Куманово на 69 години, од Дебар на 66 години, од Велес на 66 години, од Кавадарци на 57 години, од Гостивар на 83 години, од Радовиш на 80 години, од Крушево на 64 години, од Кочани на 65 години, од Пробиштип на 78 години и еден пациент од Кичево на 80 година.

Од МЗ соопштија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 929 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 417 случаи во Скопје, 47 во Прилеп, по 46 во Тетово и Битола, 40 во Куманово, 39 во Велес, 37 во Гостивар, 33 во Охрид, 32 во Струмица, 31 во Струга, 23 во Кавадарци, по 22 во Кочани и Кичево, 20 во Штип, 11 во Гевгелија, по десет во Делчево, Свети Николе и Неготино.

Потоа, седум случаи се регистрирани во Крива Паланка, по пет во Берово и Ресен, четири во Виница, три во Валандово, по два во Радовиш и Демир Хисар и по еден случај е регистриран во Крушево, Пробиштип, Македонски Брод, Пехчево и Кратово

Институтот за јавно здравје регистрирал 1068 оздравени пациенти, односно, од Скопје-255, Куманово-51, Дебар-3, Штип-40, Прилеп-81, Тетово-74, Струга-23, Велес-64, Битола-33, Охрид-31, Кавадарци-40, Гостивар-67, Гевгелија-22, Струмица-68, Крива Паланка-11, Радовиш-8, Кочани-27, Пробиштип-6, Демир Хисар-3, Македонски Брод-7, Берово-15, Валандово-6, Виница-9, Делчево-31, Кратово-10, Свети Николе-19, Кичево-42, Ресен-9 и од Неготино-13.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468. Во вчерашната статистика е направена техничка грешка во бројот на оздравените лица во Крушево, која денес е коригирана“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 357.102 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.758 тестови.