МЗ: 26 починати лица, 489 нови случаи на Ковид-19 и 748 оздравени лица во деноноќието на 25 декември

Министерството за здравство синоќа соопшти дека за деноноќието на 25 декември регустрирани се 489 нови случаи на Ковид-19 во земјава од вкупно направени 1.892 тестирања.

Починале вкупно 26 лица, сите во болнички услови а најмладиот бил од Скопје на 44 години.

Истовремено Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 748 оздравени пациенти од вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 80.896, бројката на оздравени пациенти е 58.182, на починати е 2.401, а бројот на активни случаи изнесува 20.313.