МЗ: 25 починати и 365 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 365 нови случаи на Ковид-19 од 947 тестирања. Починале 25 лица, а оздравеле 1059 пациенти.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје-126, Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.

Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останатисе се починати во болнички услови.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.

Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.