МЗ: 237 нови случаи на Ковид-19, осум починати и 460 оздравени во последното деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 237 нови случаи на Ковид-19, при направени 1525 тестирања. Осум лица починале, а оздравеле 460 пациенти.

Новите случаи се евидентирани во: Скопје-123, Куманово-15,  Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6.

Од осумте починати лица, еден бил пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565.

Од вчерашната статистика се регистрираат два контролни теста, информираат од министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид -19.