МЗ: 12 починати и 1.128 новозаразени со Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1.128 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 569 случаи во Скопје, 57 во Битола, 51 во Куманово, 50 во Тетово, 45 во Велес, 43 во Прилеп, 38 во Охрид, 35 во Штип, 33 во Струмица, 27 во Кичево, 22 во Кочани, 16 во Струга, 14 во Гевгелија, 12 во Дебар и 11 во Радовиш.

Потоа, десет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Гевгелија, по осум во Делчево, Свети Николе и Неготино, седум во Ресен, по пет во Крива Паланка, Пробиштип и Демир Хисар, четири во Виница, по три во Берово и Кратово, два во Крушево и по еден случај во Македонски Брод и Валандово.

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 12 лица, односно, четворица пациенти од Скопје на 63, 75, 44 и 68 години, двајца од Битола на 44 и 74 години, еден од Куманово на 70 години, еден пациент од Прилеп на 59 години, еден пациент од Охрид на 68 години, еден од Струмица на 76 години, еден од Радовиш на 58 години и еден пациент од Кичево на 63 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 307 оздравени пациенти, односно, од Скопје-71, Куманово-10, Дебар-7, Штип-18, Прилеп-27, Тетово-29, Велес-12, Битола-19, Гостивар-12, Гевгелија-14, Струмица-25, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-12 и од Ресен-4.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568. Од вчера се регистрира еден контролен тест“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 12 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 130 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се девет позитивни и едно дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 48 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 58 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 458 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.082 теста.