МЗ: 12 починати, 622 новозаразени и 1.689 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица, односно тројца пациенти од Скопје на 77, 64 и 54 години, еден од Куманово на 64 години, еден од Дебар на 75 години, еден од Тетово на 63 години, двајца од Охрид на 58 и 69 години, еден од Гостивар на 65 години, еден од Крива Паланка на 74 години, еден од Радовиш на 68 години и еден пациент од Неготино на 54 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 622 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 300 случаи во Скопје, по 29 во Куманово и Кавадарци, 23 во Прилеп, 22 во Охрид, по 19 во Велес, Битола и Берово, по 18 во Штип и Кочани, 16 во Струмица, 15 во Неготино, по десет во Дебар и Гевгелија и девет во Тетово.

Потоа, осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Виница, по седум во Гостивар, Крива Паланка и Кичево, по шест во Радовиш и Делчево, пет во Ресен, по четири во Пробиштип и Свети Николе, три во Струга, по два во Демир Хисар, Пехчево и Кратово и по еден случај е регистриран во Крушево, Македонски Брод и Валандово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.689 оздравени пациенти, односно, од Скопје-815, Куманово-6, Дебар-9, Штип-17, Прилеп-36, Тетово-121, Струга-25, Велес-58, Битола-48, Охрид-34, Кавадарци-27, Гостивар-60, Гевгелија-36, Струмица-152, Крива Паланка-11, Радовиш-17, Крушево -44, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-6, Пехчево-3, Берово-8, Валандово-4, Виница-9, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-34, Ресен-20 и од Неготино-33.

Од Министерството, во меѓувреме посочија дека при проверката на системот се нотирани досега неевидентирани постари оздравени случаи, за кои велат дека се збирно прикажани во денешната статистика.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964. Од вчерашната статистика се евидентираат три контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 409.991 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.452 тестови.