Во нападот на кафе барот Дамар кој се случи вчера околу 22.00 часот, со телесни повреди се здобиле двете лица К.Д.(26) и Е.Л.(18), соопшти МВР во денешниот билтен.
Како што претходно беше објавено, група од 20 до 30 лица вчера, за време на роденденската забава за одбележување на вториот роденден на ЛГБТИ Центарот за поддршка го демолираа „Дамар“. Насилната група започнала да мава со стаклени шишиња и гајби кон гостите.
Радио МОФ вчера извести дека една девојка веднаш била пренесена во Ургентниот центар, додека и други присутни се здобиле со расеченици од стаклата во нападот.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.