ФОТО: Демолиран кафе барот Дамар, има повредени

Искршени стакла, големо присуство на полицијата и вознемирени посетители е сликата во Скопската Чаршија по вечерашниот напад во кој беше демолиран кафе барот „Дамар“. Повредени се неколку лица, а една девојка е пренесена во Ургентниот центар, потврдуваат за Радио МОФ посетителите во кафе барот.

Целиот простор околу „Дамар“ е обезбеден од полицијата и се уште се врши увид во локалот. Како што претходно беше објавено, група од 20 до 30 лица вечерва, за време на роденденска забава за одбележување на вториот роденден на ЛГБТИ Центарот за поддршка го демолираа „Дамар“.

Насилната група со стаклени шишиња и гајби фрлала кон гостите, а повеќе гости се здобиле со исеченици од стакло. Во продолжение погледнете ги фотографиите од „Дамар“ по вечерашниот настан.