Министерството за внатрешни работи (МВР) известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“ (Safe City), во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди – камери за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот.
„За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката“, велат од МВР.
Оттаму посочуваат дека во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, стои во соопштението на МВР.



