Музичката програма за третото издание на фестивалот „Прво па женско“

ПАЛИНДРОМ, Threesome, GreenFuzz, Sajsi MC и Да Џака Накот се музичарите кои ќе настапат на 7 март, во централниот дел на музичката програма на фестивалот „Прво па женско“ во Младинскиот културен центар.

Според најавите на организаторите забавата почнува во 21 часот, а ќе трае до полноќ.

Во меѓувреме продолжува и серијата „fund raising“ настани за фестивалот, а утре (21 февруари)во МКЦ ќе настапат SOLDOUT од Белгија и Ensh од Србија.

Kомплетната заработка од продажбата на влезници ќе биде наменета за реализација на програмата на „Прво па женско“, што ќе се оддржи од 6ти до 8ми март во МКЦ. Концертот почнува во 21 часот, а влезницата чини 150 денари.