Муслимани собраа илјадници долари за да поправат вандализирани еврејски гробишта

Муслиманска група во САД собра голема сума на пари за да поправи еврејски гробишта, кои биле вандализирани во бранот на анти-семитистичките закани кои се шират низ федерацијата.

Повеќе од 100 надгробни плочи биле симнати во Чесел Шел Емет гробиштата во Мисури, кои се стари 123 години. Истовремено, 11 еврејски центри добиле закани дека ќе бидат бомбардирани. Сите закани се испоставило дека се лажни.

Сега, муслиманските организации Mpower Change и CelebrateMercy донирале околу 55 илјади долари за да ги поправат гробиштата. Нивната цел била да соберат 20 илјади, па одлучиле сета преостаната сума да ја дадат за поправка на други вандализирани локации.

На страницата за собирање на средствата напишале: „Иако овие бесчуствителни дела нѐ натажија, ние ќе одговориме со порака за еднаквост, толеранција и заемна заштита која се наоѓа во Уставот од Медина, историски социјален договор меѓу Мединските Евреи и муслиманската заедница“.

Во меѓувреме, новиот претседател на САД, Доналд Трамп, јавно се спротивстави на анти-семитистизмот во вторникот.

„Анти-семитизмот е ужасен, и мора да сопре“, изјавил Трамп, кој и самиот неретко шири говор на омраза, но кон други религиозни и етнички групи.

Додаде и дека анти-семитизмот е „стар со векови, и дека се случува нешто што не дозволува да заздрави“.