„Мост“ креираше нова алатка за пријавување притисоци и инциденти при изборниот процес

Граѓанската асоцијација „Мост“ промовираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес.

„Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес“, се вели во соопштението на оваа организација.

Преку оваа платформа, „Мост“ ќе ги следи и ќе ги евидентира и објавите по социјалните медиуми, на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #избори2016, #нерегуларности, #СеПоСписок, #фантоми.

Дополнително, доколку самите граѓани не се во можност самостојно да ги внесат овие нерегуларности преку интернет-платформата, покрај бесплатната телефонска линија 080 080 080, „Мост“ креираше и посебна електронска адреса за пријавување нерегуларности: neregularnosti@most.org.mk.