МОН и СОНК преговараа за екстерното оценување

Претставници на Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука, денеска се сретнаа за да разговараат за различните ставови околу екстерното оценување и казните за наставниците во основните и средните училишта.

МОН и СОНК преговараа за екстерното оценување

Според министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, системот на награди и казни за наставниците, останува да важи и за оваа година.

– За оваа година останува затоа што законот е на сила, но за понатаму ќе одлучиме заеднички. Целиот процес не би имал смисла доколку нема стимулација за оние кои ќе имаат објективно оценување, односно да се стимулираат следната година пообјективно да оценуваат оние кои евентуално би биле во листата на таканаречени казнети, изјави Адеми.

СОНК на преговорите разговараше за нивните барања за измени во Законот за основно и за средно образование во делот на екстерното оценување. Синдикатот претходно побара стопирање на овој проект кој дополнително ги преоптоварува наставниците со админстрација и ја отежнува нивната работа.