МОН ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука утрово на својот сајт ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии за академската 2019/2020.

Притоа, објавени се резултатите од стипендиите за студентите од приватни и државни универзитети, врз основа на остварен успех, за социјално загрозените студенти, но и стипендии за студенти кои се запишани на студентски програми по науки како физика, математика, хемија, информатички технологии.

Објавувањето на резултатите од страна на МОН доцнеше десетина дена, на што имаше реакции од страна на студенти. Од МОН доцнењето го правдаа со големиот број апликации за стипендии кои стигнале на нивна адреса.

Резултатите може да ги видите ТУКА.