„Мојот маж, поет“ на Бужаровска, вечерва во Драмски

Со претставата „Мојот маж, поет“ вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје гостува Уметничката академија од Осијек, Хрватска. Сценариото е според приказните на македонската авторка Румена Бужаровска, а режисер е Роберт Рапоња.

Улогите ги толкуваат студентите по глума и кукларство Сара Мосер, Анамарија Јуришиќ, Крешимир Јелиќ и Јаков Јозиќ.

Претставата е копродукција помеѓу Уметничката академија од Осијек и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек.

Влезот е бесплатен.