На Меѓународниот ден на лица со попреченост, 3 декември, Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на лицата со попреченост го објави видеото насловено „Мој живот, мој избор“.
Соговорниците во него, лично и во прво лице, кажуваат што е она со што секојдневно се соочуваат кога се работи за нивните сексуални и репродуктивни права, кои се предизвиците со кои мора да се изборат, што е она што ним им е потребно, кои се нештата кои мора да се променат и како да се стори тоа.
Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на лицата со попреченост е составена од организации кои активно работат на промоција и подобрување на правата на овие лица: РЦПЛИП Порака, Мобилноста Предизвик, Полио плус, СОЛЕМ, Светот на дланка, Мобилност, Здружение на студенти и младинци со хендикеп, Порака Наша, Нова искра и Х.Е.Р.А.