MOF.mk – најдобар сајт на невладина организација за 2013

 MOF.mk - најдобар сајт на невладина организација за 2013Сајтот на Младинскиот образовен форум (www.mof.mk ) е избран за најдобар сајт на невладина организација изминататава година.

Второто место во оваа категорија отиде кај сајтот на Големата ложа на Македонија (glm.org.mk), додека на трето место се најде интернет страницата на невладината организација Борка(borka.org.mk).

За сајт на годината е избран информативниот портал Република,  најдобар информативен сајт е НоваТВ, додека најдобар сајт за образование е СакамКниги.

Манифестација „Сајт на годината“ по четврти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во десетина различни категории.

Најдобрите сајтови се бираат според гласовите на публиката (40 проценти) и жири комисијата(60 отсто). Жирито годинава го сочинуваа Алберт Муслиу – претседател, Гораст Цветковски, Кире Трајковски, Мики Стефаноски и Никола Анчевски.

Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами keep an eye, а под покровителство на Град Скопје и ИАБ Македонија.

Целта на „Сајт на годината“ е да го популаризира македонскиот веб простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови.