Младите во Македонија потпросечно коститат вештачка интелигенција во споредба со своите врсници од Европа

Речиси половина од младите во Македонија на возраст од 16 до 24 години користат алатки базирани на вештачка интелигенција, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2025 година. Според статистиката, 45,4 отсто од младите во земјава користат ВИ-алатки, што е значително под просекот на Европската унија од 63,8 проценти.

Во споредба со земјите од регионот, Македонија се наоѓа зад Босна и Херцеговина, каде 65,4 проценти од младите користат вештачка интелигенција. Во Хрватска тој процент изнесува 58,2, во Бугарија 50, додека во Србија 47 отсто од младите изјавиле дека користат ВИ-алатки.

На ниво на ЕУ, најголема употреба на вештачка интелигенција меѓу младите е забележана во Грција (83,5%), Естонија (82,8%) и Чешка (78,5%). Од друга страна, најнизок процент има во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).

Податоците укажуваат на растечка, но нерамномерна примена на ВИ-технологиите меѓу младите во Европа. Разликите меѓу земјите се должат на повеќе фактори, меѓу кои дигиталната писменост, пристапот до технологии и интеграцијата на ВИ-алатките во образовните системи.

Извор: Eurostat