Младите се иселуваат, а општествата стареат во Западен Балкан

Се случува егзодус на наслението од земјите од Западен Балкан, младите се иселуваат, општествата стареат. Демографските промени веќе не се мит, туку реалност. Причините за „бегањето“ на младите се економски, но на тоа влијае и постоечката корупција во државите.

Ова се дел од констатациите од презентацијата двата документа за јавни политики „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3ападен Балкан“ и „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Никица Колар од Хрватска, еден од авторите на документите, нагласи државава се уште не е во првите три држави во однос на миграцијата на младите, затоа што се уште не е членка на ЕУ. Кога ќе влезе во ЕУ, подвлекува тој, првите неколку години сите ќе „избегаат“ надвор, тоа и се случи на Естонија и делумно на Словенија, особено на Хрватска од која во период од пет до шест години се иселија до 200 илјади лица, најмногу млади.

Причините за миграциите, според него, генерално може да се каже дека се економски односно неможноста за вработување, нискиот животен стандард… Германија е најатрактивна, затоа што им недостига работна сила, а интересни се и Австрија и Ирска.

Во анализата, Колар препорачува дека за решавање на ова прашање не можеме да се потпреме на водечките политички партии, туку дека се потребни граѓански иницијативи, НВО или нови политички партии, за да го решаваат прашањето со притисок врз Владите.