Младите невработени Италијанци би прифатиле секаква работа

Околу 49 % од младите невработени во Италија би прифатиле каква било физичка работа, покажува анкетата „Младите во криза“, која ја спровела најголемата италијанска земјоделска асоцијација Колдирети.
Младите невработени Италијанци би прифатиле секаква работа
Четворица од десет испитаници или 43 отсто би работеле за 500 евра месечно (минимални примања во Италија), додека 39 отсто од нив рекле дека би работеле прекувремено без дополнителен надомест.
„Анализата укажува на силен дух на жртвување меѓу младите, кој наведува да се откажат од основните права на работниците. Тоа е нешто што не може да го дозволиме во општество како што е италијанското“, вели претседателот на Колдирети, Серџо Марини.
Проблемите со невработеноста на младите ја натераа владата во Рим на радикални мерки за вработување на младата популација. Во најновиот, амбициозен план, се планира работниците кои се блиску до пензија да работат само половина работно време до пензионирањето, а во меѓувреме, половина од нивната работа да ја работи млад човек кој ќе добива помалку пари од работодавачот. Кога постариот ќе отиде во пензија, местото му останува на младиот работник.  Се очекува дека овој модел ќе отвори половина милион работни места во следните неколку години. Невработеноста кај младите во Италија е меѓу највисоките во Европската унија и изнесува 38.4%, иако сегашната генерација е најобразована во историјата.
Извор: Нетпрес