Последно истражување покажува како повеќето млади Американци велат дека Демократската и Републиканската партија не ги претставуваат нивните интереси.
70 проценти од нив сметаат дека е потребна трета партија на американската политичка сцена, додека само 28 проценти мислат дека двете главни американски партии вршат добра работа по ова прашање.
Ова го покажува последното истражување на јавното мислење на „GenForward“, проект кој посебно внимание посветува на ставовите на афро-Американците, латино-Американците и азиските Американци.
Анкетата е спроведена во средината на јули, онлајн или телефонски, на репрезентативен примерок од 1940 млади Американци на возраст од 18 до 30 години.
Истражувањето покажува и дека претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, кај младите американци од немнозинските етнички заедници е многу помалку популарен од кандидатот на демократите Хилари Клинтон, додека мнозинската американска етничка заедница е подеднакво разочарана од двата кандидати на претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
Младите Американци од немнозинските етнички заедници како најважни проблеми ги истакнуваат расизмот, полициската бруталност и контролата на оружјето, додека мнозинската етничка заедница вели дека главните проблеми се тероризмот, образованието и јавниот долг.
Овие податоци следуваат една година по жестоката и напната кампања за претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 8-ми ноември.