„Корка“ од Кочани, еден од водечките млади бендови од Македонија во моментов, на 3 јануари 2025 ја започнаа годината со почетокот на својата прва интернационална турнеја со седум концерти низ шест држави.
Публиката во Приштина, каде свиреа во алтернативниот културен центар „Термокис“, ги слушнаа вчера на 3 јануари, а веќе денес се во Подгорица во Друштвениот културен центар „Помаранџа“.
„Потоа се спуштаат на море во Задар каде свират во Автономниот друштвено културен центар ‘Нигдјеземска’ во вторник на 6 јануари. Им следат и два настапи во Словенија во Љубљана во ‘Гала Хала’ и во Културниот дом во Железники на 8 и 9. На крај по пат накај дома ќе го посетат Белград со претпоследниот концерт од турнејата во ‘Квака 22’ на 11 јануари. Тие ќе ја завршат турнејата по мал одмор со концерт пред домашната публика во ‘Котур’ во Скопје на 19 јануари“, информираат од „Мртов коњ“.

Оваа турнеја доаѓа после веќе неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот „Changeover“ во Белград оваа есен. Како и посетата во Брисел со нивен концерт на меѓународниот натпревар „Imagine Music Experience“, каде ја освоија наградата од публиката пред само половина месец“, информираат од „Мртов коњ“.
„’Корка’ го издадоа своето прво самонасловено EP во мај оваа година и веќе се добро познати на македонската публика после бројни настапи во Кочани и Скопје и еден во Битола. Тие се истакнуваат отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук“, посочуваат од „Мртов коњ“.
„Корка“ се под капата токму на независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, кои се одговорни за организирањето на оваа турнеја.

Фото: „Мртов коњ“



