Младински муабети за политики во Кино Култура

Отворена дисусија за потребите на младите, но и за нивните мерки и предлози за тоа какви треба да бидат програмите на политичките партии ќе се одржи во четврток (12 мај), во Кино Култура.

Настанот е насловен дел од серијалот „Младински муабети за политики“, на Националниот младински совет на Македонија, кои даваат простор за партиските подмладоци да промовираат дел од програмите на своите партии кои се однесуваат на млади, но и за младите кои сакаат да ги изнесат своите прашања, потреби и идеи.

Проектната активност „Младите во фокусот на изборите 2016” на Националниот младински совет на Македонија се реализира во рамките на програмата на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија за Зајакнување на граѓанското учество во политичките процеси, финансиски поддржана од Националната фондација за демократија (НЕД).

Младинските муабети за политики во Кино Култура почнуваат во 16 часот.