Канти за отпад изработени од гуми и изложба на стикери и постери изработени во Фотошоп на тема Екологија беа дел од уметничките дела кои посетителите можеа вчера да ги погледнат на изложбата организирана од Младинскиот клуб Скопје на програмата Младински активизам на МОФ.
Во изложбата, со свои дела учествуваа: Андријана Весовска, Сихана Сејфулаи, Магдалена Добревска, Сара Николовска, Оливера Каменаровска, Искра Илиеска, Ангела Грозданов, Панде Ефтимов и Зорана Димовска.
„Постерите и стикерите, изработени од членовите на Младинскиот клуб во Скопје, се однесуваат на проблемите со загадувањето како локален, но и глобал проблем низ призмата на младите членови на клубот, разработени на комичен и критички начин. Целта на изложбата е да ја покрене свеста на младите за состојбата на животната средина во која што живеат и да ги поттикне да размислуваат за можните решенија. Изложбата е производ на курикулумот кој го изучуваат членовите на Младинскиот клуб во Скопје“, велат од МОФ.
На настанот можеа да се играат и игри за екологија и да се забавуваат со музика.
Настанот беше поддржан од National Endowment for Democracy.