МКЦ: „Кино на трева“ – филмски проекции низ повеќе скопски населби

Младинскиот културен центар организира филмска офанзива со патувачко „Кино на трева“. Од МКЦ велат дека го испраќаат летото со кино под отворено небо на неколку локации низ Скопје, односно населбите Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров.

Филмските проекции се бесплатни, а ќе се реализираат по принципот прв дојден- прв услужен.

Првата филмска проекција ќе се одржи на 9 септември, четврток, кога во Домот на култура во Илинден ќе се прикаже филмот „Посебни“ (The Specials), со почеток во 20 часот.

На 10 септември, петок, во населбата Драчево, односно локацијата Три Круши, ќе се прикаже филмот „Свиркачите“ со почеток во 20 часот.

На 11 септември, сабота, во паркот Ѓорче Петров, ќе се прикаже филмот „Скитникот од плажата“, со почеток во 20 часот.

На 12 септември, недела, во Дом на култура „11 Октомври“ во Ченто, ќе се прикаже филмот „Збогум морони“, со почеток во 20 часот.

На 18 септември, сабота, во населбата Карпош, кај „Фонтана“ ќе се прикаже филмот „Светот на Марни“, со почеток во 20 часот. Филмот ќе биде синхронизиран на македонски јазик.

На 19 септември, недела“ на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае ќе се прикаже филмот „Тера Вили“, со почеток во 20 часот. Филмот ќе биде синхронизиран на македонски јазик.

„Настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки за организирање настани во отворен простор. Во случај на дожд, проекциите ќе бидат презакажани , ве молиме следете нѐ за да ги знаете сите информации навреме“, велат од МКЦ.